Лига на нации

Македонија денеска ја почнува новата сезона во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација денеска го игра првиот натпревар од новата сезона во Лигата на нации, противник ни е селекцијата на Ерменија. 

Македонија од 15 часот ќе го почне дуелот со Ерменија, противник кој добро го познаваме и кој ни е должник за поразот во последниот меч со нив кога загубивме 4-0.
 
Три дена подоцна гостуваме кај селекцијата на Грузија која може да ни биде и противник во мечот кој ќе биде последен за пласман на Европското првенство.
 
За денешниот натпревар против Ерменија, селекторот Ангеловски нема да може да смета на голманот Димитриевски поради коронавирус, останатите се подготвени да го дадат максимумот иако не се знае кој во каква форма е поради специфичниот период.
 
Ова ќе биде и прв меч на македонската репрезентација по победата над Израел во ноември минатата година.
 
Ерменија доаѓа во поинаков состав, фалат неколку играчи меѓу кои и главната ѕвезда, Хенрих Мхитарјан.
 
„Знаеме сите каква е ситуацијата, се наоѓаме во специфичен период. Изминативе денови имав можност да видам кој во каква форма е и на какво ниво на подготвеност, па ќе истрчаат тие што се најспремни и кои ќе ни ја донесат посакуваната победа“ – вели селекторот Игор Ангеловски.
 
„Ерменија дојде со комплетно нов состав и со нов селектор, но ги анализиравме и мислиме само на победа. Имаме квалитет да бидеме екипата која ќе се прашува за многу работи на мечот. Сакам да доминираме и да ја контролираме играта“.
 
„За нас и во оваа Лига Ц остануваат амбициите за прво место во групата, без разлика на тоа што во октомври не очекува важен натпревар со Косово од полуфиналето на баражот за пласман на ЕП. Одиме од натпревар на натпревар, сега мислиме на Ерменија и Грузија, сакаме победа на овие дуели, а потоа продолжуваме понатаму“.
 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе