ЕВРО 2020

Македонија блесна во второто полувреме, но Украина ја однесе победата (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација со 2-1 загуби од Украина, но момците на Ангеловски одиграа одлично второ полувреме во кое го презентиравме нашиот квалитет, но негативата од 2-0 од првиот дел не успеавме да ја анулираме. 

Македонија го забележа вториот пораз на Европското првенство, одличното второ полувреме не можеше да го покрие лошото издание во првиот дел, загубивме од Украина и ги загубивме шансите за пласман во следната фаза.
 
Натпреварот го почнавме во истата формација како и на дуелот со Австрија, но селекторот Ангеловски сакаше да го зацврсти средниот ред па Трајковски не го почна мечот, во игра од првата минута беше Спировски.
 
Првите минути беа изедначени, но како одминуваше времето Украинците се повеќе доминираа, се играше пред нашиот гол, а во 29. минута една топка дојде до Јармоленко кој постигна гол за водство на Украина од 1-0.
 
Пет минути подоцна нов гол за Украина, овој пат Јармоленко додаде до Јаремчук кој постигна погодок за водство на противникот од 2-0.
 
По вториот примен гол, селекторот Ангеловски ја промени формацијата, почнавме да играме со двајца стопери, Стефан Ристовски отиде на својата десна бековска позиција.
 
Тоа донесе поголема офанзива за Македонија, а во 39. минута Пандев постигна и гол, кој за жал беше поништен поради офсајд.
 
Во вториот дел тргнавме офанзивно, добивма една сосема друга Македонија. Почнавме со шанса на Адеми, која голманот Бушчан ја одбрани.
 
Потоа Украина имаше можност од слободен удар, Малиновски биеше прекрасно, но Столе Димитриевски следеше и иго одбрани неговот удар.
 
Во 55. минута Трајковски биеше фантастчно од далечина, Бушчан одбрани, а топката потоа ја погоди пречката, дојде до Пандев кој беше фаулиран, судијата покажа пенал за Македонија.
 
Алиоски го изведе пеналот, голманот на Украина го одбрани неговиот удар, но топката се одби до нашиот фудбалер кој овој пат погоди и намали на 2-1. Македонија се врати во игра.
 
Продолживме во исто темпо, се редеа нападите пред голот на Украина, Трајковски имаше уште еден удар од далечина, голманот Бушчан со крајни напори ја исфрли во корнер.
 
Во 83. минута Украина доби пенал откако топката во живиот ѕид при шут на Малиновски во рака го удри Аврамовски. ВАР реагираше, судијата покажа на белата точка. Но Димитриевски го одбрани пеналот на Малиновски и ја остави нашата репрезентација во игра.
 
До крајот на мечот Македонија со сите сили напаѓаше но не успеа да постигне гол за израмнување и бод од овој натпревар, Украина победи со 2-1.
 
На овој натпревар Македонија покажа дека заслужува да биде дел од ова Европско првенство иако загубивме уште еднаш, настапот ќе го завршиме во групната фаза.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе