Рено Твинго Куп

Македонците триумфираа со “еден - два” победа на интернационалната ФИА ЦЕЗ трка на Твинго Куп во Гробник

Фантастични интернационални резултати забележаа македонските Твинго Куп возачи изминатиов викенд. Демонстрираа квалитет, успеаа да се искачат на врвот и достоинствено да ја претстават нашата држава.

Со својот маестрален настап  на тркачката патека Гробник, Хрватска за прв пат нашите Твинго Куп возачи се искачија на подиумот во генерален пласман во конкуренција со 32 возачи од неколку земји. На Гробник се возеа викендов две трки, а на втората имаше целосна доминација на македонските возачи.

Особено драматична и возбудлива беше втората трка на која Марко Блажевски и Давид Малинковски, иако тргнаа од четвртиот ред на стартот, по 25 минути возење на целта  стигнаа на првите две места. Постојано беа меѓу најдобрите 8, се пробиваа низ патеката, и меѓусебе се поддржуваа. Таа тимска работа на крај им донесе и радост.

Марко Блажевски е првиот Македонец кој триумфираше на ФИА ЦЕЗ трката на Твинго Куп, зад него беше Давид Малинковски, додека пак трет зад нив беше унгарецот Лантос. Во текот на целата трка Блажевски и Малинковски беа во линија со водечките, го чекаа моментот и последните кругови Блажевски откако го презеде водството остана таму до крајот.

Воедно ова беше и финална трка на втората сезона на Твинго Куп каде трофејот за првото место му припадна на Давид Малинковски со вкупно 122 бода. Малинковски сезонава имаше четири победи на осум трки, Блажевски победи двапати, а по еднаш Мартин Костовски и Владимир Тренески.

Второто место во генерален пласман сезона му припадна на младиот Мартин Костовски со освоени вкупно 82 бода, додека пак трет е Ангелче Стојковски со освоени 80 бода.

За следната година, во третата сезона на Твинго Купв планирано е возење на патеките на Серес - Грција, Гробник – Хрватска, Словакиаринг – Словачка, Ред бул ринг -Австрија каде македонските Твинго Куп возачи ќе се борат за главната награда а тоа е 100% Рено Твизи .

Голема благодарност до нашите пријатели поддржувачи: Рено, Аутомотив Груп, Шпаркасе Лизинг, ПСС и Триглав Осигурување како и до Лема Рејсинг тим за успешната соработка.

Во продолжение Ви ја претставуваме комплетната листа на бодови на сите натпреварувачи.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе