Ла Лига

Мајсторска пета на Суарез за паметење и хет-трик на Меси, Барса убедлива против Мајорка (ВИДЕО)

Барселона забележа убедлива победа од 5-2 против Мајорка, мечот ќе се памети по мајсторскиот гол со пета на Луис Суаерз и трите погодока на Лео Меси со кои Аргентинецот го надмина постигнувањето на Кристијано Роналдо и сега има 35 хет-трика во Ла Лига.

„Каталонците“ прокнижија нови три бода откако вечерва со 5-2 триумфираа над Мајорка на Камп Ноу. Гол серијата ја отвори Гризман во 7. минута, Французинот изби сам пред гостинскиот голман и ја префрли топката преку него за 1-0.

Во 17. минута беше 2-0. Меси од 20 метри пласираше на подалечната статива за дуплирање на предноста. Мајорка намали на 2-1 во 35. минута со голот на Будимир но потоа капитулираше уште два пати до крајот на првиот дел.

Меси во 41. минута прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 3-1, а 120 секунди подоцна, Луис Суарез мајсторски со пета зголеми на 4-1.

Барса малку се опушти во продолжението од мечот па Будимир намали на 4-2 во 64. минута, но немаше нервозна завршница откако Лео Меси по трет пат стрелаше прецизно во 83. минута.

За Аргентинецот ова беше 35-тиот хет-трик во Ла Лига и тој го надмина постигнувањето на Кристијано Роналдо, кој застана на бројката од 34.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе