Македонецот го победи Меси

Мајсторијата на Барди против Хетафе избрана за најубав гол од слободен удар во Шпанија (ВИДЕО)

Големо признание за Македонецот, мајсторијата на Енис Барди против Хетафе е избрана за најубав гол од слободен удар во Шпанија во сезоната 2018/19.

Енис Барди по преселбата во Леванте се промовираше во еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Шпанија и Европа. Иако изминатава сезона не ги тресеше толку често противничките мрежи, неговата мајсторија против Хетафе е избрана за најубавиот гол од слободен удар во 2018/19.

Македонецот до ова признание стигна во жестока конкуренција во која секако беше и Лео Меси. Покрај Аргентинецот, во топ 5 се најдоа и Кристијан Тељо, Бењат и Рубен Алкараз.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе