Премиерлига

Мајсторија на Ланцини, Вест Хем со победа ја започна новата година (ВИДЕО)

Вест Хем ги однесе трите бода од гостувањето кај Кристал Палас, „чеканите" имаа убедлива предност, но домаќините со два доцни гола ја направија завршницата интересна.

Вест Хем ја започна новата година со победа, избраниците на Мојс вечерва триумфираа со 2-3 на гостувањето кај Кристал Палас.

Антонио го отвори резултатот во 22. минута, за Ланцини мајсторски да погоди за 0-2 во 25. минута од мечот. Аргентинецот одлично се ослободи од еден противник и потоа си ја крена топката за со волеј да бие неодбранливо под пречката.

Истиот играч, длабоко во судиското надополнување на првиот дел, од пенал зголеми на 0-3.

И кога се чинеше дека мечот оди во досадна завршница, Едуард намали на 1-3 во 83. минута за Олис директно од прекин да погоди за 2-3 во 90. минута и да донесе возбудливи неколку минути. Кристал Палас на крајот немаше сили за чудо, па „чеканите“ ги однесоа трите бода.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе