Ла Лига

Мајсторија на Иско од слободен удар, Реал и со втор тим пресилен за Малага (ВИДЕО)

Зинедин Зидан не ја менува тактиката која минатата сезона му донесе двојна титула, Французинот со втор тим играше против Малага но и тоа беше доволно за три бода

Зинедин Зидан продолжи со стариот добар рецепт, Кристијано Роналдо доби одмор, а за гостувањето кај Малага поштедени беа и Герет Бејл, Лука Модриќ и Рафаел Варан. Тони Крос и Марсело останаа на клупата за резерви но и покрај тоа Реал немаше никакви проблеми кај фенерџијата и славеше со 1-2.

Резултатот беше отворен во 29. минута, Иско од слободен удар биеше мајсторски за 0-1. На 0-2 зголеми Касемиро во 63. минута. Бразилецот најпрво го сопре нападот на домаќините, а потоа се најде во противничкиот шеснаесетник за да финишира една одлична акција на Бензема и Иско.

Во последните мигови од средбата, Малага само стигна до почесен гол преку Ролан.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе