Натпреварот не изобилуваше со шанси, а во нападот на Челси расположен беше само Хаверц кој на крајот и го реши мечот.
Единствената шанса пред да биде даден голот ја имаше тој. Клучниот момент се случи во 89. минута, кога по прекрасна асистенција од Жоржињо, Хаверц најпрво мајсторски ја смири топката, а потоа пласираше за водство и победа од 1-0.
Хаверц потоа имаше уште една голема шанса, но ја погоди пречката.
Лидс конечно победи откако со 2-1 го совлада Норич. Евертон загуби на свој терен од Вулвс со 1-0, Вест Хем со 2-1 беше подобар од Астон Вила, Ватфорд со истиот резултат славеше кај Саутемптон.