Македонецот помогна Леванте да триумфира кај Реал Сосиедад

Мајсторија на Барди за гол првенец оваа сезона во Ла Лига, потоа пречката го спречи за нова атракција (ВИДЕО)

Леванте со цел плен се враќа од гостувањето кај Реал Сосиедад, Енис Барди мајсторски погоди за водство, а кумуваше и за вториот гол и победата од 1-2.

Енис Барди го постигна голот првенец оваа сезона во Ла Лига откако вечерва мајсторски погоди на гостувањето кај Реал Сосиедад. По една одлична акција, Македонецот се најде осамен пред голот и ладнокрвно ја префрли топката преку истрчаниот голман за 0-1.

Тој кумуваше и за вториот гол, неговиот шут од работ на шеснаесетникот заврши во пречката, а Мајорал ја смести одбиената топка во мрежата.

Реал Сосиедад во продолжението од мечот успеа само да намали на 1-2, па Барди и Леванте се враќаат дома со три големи бода.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе