Светско првенство 2022

Мајстории на Меси и Фернандез, Аргентина избегна елиминација (ВИДЕО)

Лео Меси и Енцо Фернандез со убави голови донесеа победа на Аргентина во пресметката со Мексико, „гаучосите" значително си ги зголемија шансите за осминафинале.

По шокантниот пораз од Саудиска Арабија, Аргентина вечерва ризикуваше елиминација во случај на пораз во пресметката со Мексико.

Но Лео Меси и Енцо Фернандез не дозволија дебакл, и во натпревар со малку шанси а многу борба, донесоа триумф од 2-0.

Во 64. минута, на Меси му беше оставен малку повеќе простор, па напаѓачо тна ПСЖ од врвот на шеснаесетникот прецизно биеше по земја за 1-0.

Трите бода беа осигурани во 87. минута кога Енцо Фернандез прекрасно пласираше во аголот за 2-0.

Во последното коло сите комбинации се можни во групата Ц, па за очекување се возбудливи дуели.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе