Ла Лига

Мајорка го изненади Реал, Трајковски доби десетина минути против „кралевите“ (ВИДЕО)

Мајорка приреди големо изненадување и славеше со 1-0 против Реал Мадрид за прва победа над „кралевите" по десет години, нашиот Александар Трајковски доби шанса во завршницата.

Зинедин Зидан се реши за ротации пред настапот во Лигата на шампионите, но експериментот не успеа па Реал се враќа во Мадрид со празни раце.

Мајорка успеа да го изненади фаворитот, да триумфира со 1-0 и да слави против „кралевите“ по десет години.

Клучниот момент се случи во 7. минут акога Лаго Жуниор убаво си направи простор и прецизно биеше на подалечната статива. Реал се обиде да стигне до позтивен резултат и најблиску беа во финишот на првиот дел, кога Бензема ја погоди пречката. Како одминуваше времето, гостите се помалку беа опасни а работата дополнително им отежна кога Одриозола заработи втор жолт картон и исклучување во 74. минута.

Александар Трајковски доби шанса во завршницата на местото на стрелецот на единствениот погодок, Македонецот помина десетина минути на теренот и почувствува како е да се слави против најголемиот клуб во светот.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе