Бундеслига

Мајнц ја шокираше Борусија Дортмунд, Фортуна во 92. минута до драгоцен бод против РБ Лајпциг (ВИДЕО)

Маjнц освои три големи бода на гостувањето кај Борусија Дортмунд во битката за опстанок и славеше на „Сигнал Идуна Парк" со 0-2, Фортуна Дизелдорф го шокираше РБ Лајпциг во финишот со два гола за пет минути и си замина со драгоцен бод.

„Милионерите“ немaа за што да играат откако Баерн Минхен синоќа стигна до нова титула во Бундеслигата, па Маjнц вечера триумфираше во Дортмунд со 0-2 и освои три големи бода со кои веројатно си го обезбеди статусот во елитата за следната сезона.

Букард погоди за 0-1 во 33. минута од мечот, а на стартот од вториот дел, Матета од пенал донесе нова радост и 0-2.

Драгоцен бод освои и Фортуна Дизелдорф со два гола за пет минути во финишот од натпреварот. Кампел погоди по еден час игра за предност на РБ Лајпциг од 1-0, а три минути подоцна Вернер зголеми на 2-0,

И кога сите мислеа дека „биковите“ ќе триумфираат, Скрибски ги врати гостите во игра во 87. минута, а во судиското надополнување, Хофман реализираше за 2-2. Со овој бод, Фортуна сега е на +1 во однос на Вердер Бремен во битката за позицијата која носи бараж за опстанок.

Баер Лервекузен со 3-1 го совлада Келн и се врати во топ 4, а Хофенхајм со 1-3 славеше против Аугсбург и ја продолжи битката за излез во Европа.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе