Може ли ЦР7 да се врати во Лисабон?

Мајката на Роналдо со дрес од Спортинг ги подгреа шпекулациите па доби интересен коментар (ВИДЕО)

Мајката на Кристијано Роналдо покажа дрес од Спортинг со името на нејзиниот син, веднаш се појавија шпекулации а пристигна и интересен коментар од крилото Бруно Табата.

По елиминацијата на Јувентус од Порто во Лигата на шампиони, се појавија многу гласини за иднината на Кристијано Роналдо. Одново се пишуваше за негов трансфер во ПСЖ, а имаше и шпекулации за враќање во Реал Мадрид.

Наводно Јувентус е подготвен да го продаде за 29 милиони евра, сума со кој ќе бидат на позитивна нула, односно нема да изрази загуба во билансот.

Сега се појавија нови гласини откако мајката на Кристијано Роналдо покажа дрес од Спортинг Лисабон со името на нејзиниот син. На социјалните мрежи се појави видео од Долорес Авеиро како со пријателите ја слави победата на Спортинг над Тондела и во рацете држеше дрес од „лавовите“ со бројот 7 и името Кристијано.

Ова беше причина да се огласи и Бруно Табата, кој во моментов ја носи 7-ката во Спортинг.

„Полека Дона Долрес, Роналдо најпрво треба да ме праша дали може да го добие бројот 7“ - напиша крилото на Спортинг.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе