Добивал нефер третман

Мајката на Роналдо обвинува: Да не беше фудбалската мафија, мојот син ќе освоеше повеќе „Златни топки“!

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро вели дека постои фудбалска мафија и затоа нејзиниот син е игнориран при доделувањето на индивидуалните награди и изборите за најдобар фудбалер во годината.

Португалецот и неговото семејство многу се налутија минатата година кога Лука Модриќ ги собра сите индивидуални признанија за најдобар фудбалер. Големи се шансите Кристијано Роналдо и оваа година да не дојде до ниту една награда откако Ван Дајк беше прогласен за најдобар во изборот на УЕФА, Лео Меси во изборот на ФИФА а Холанѓанецот и Аргентинецот се и помеѓу фаворитите за „Златната топка“ на Франс Фудбал.

Во пресрет на церемонијата за „Златната топка“ која ќе се одржи на почетокот од декември, Долорес Авеиро, мајката на Кристијано Роналдо обвини дека нејзиниот син не добива фер третман.

„Има мафија, ова е правиот збор за да се опише што се случува. Постои фудбалска мафија, и мојот син ќе освоеше многу повеќе индивидуални награди да не беше фудбалската мафија. Доколку беше Шпанец или Англичанец, немаше да му го сторат она што му го сторија“ - вели Долорес Авеиро за португалските медиуми.

Запрашана дали Кристијано Роналдо треба да ја освои „Златната топка“, таа вели: „Мислам дека ја заслужува, ако анализираме се што направи во текот на сезоната, ја заслужува“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе