Напаѓачот силно се поврзува со Реал Мадрид

Мајката на Мбапе најавува пресврт: Преговараме со ПСЖ за нов договор, работите одат добро

Мајката на Килијан Мбапе, Фајза Ламари најавува пресврт и открива дека се водат преговори со ПСЖ за продолжување на договорот, во понеделникот разговарала со спортскиот директор Леонардо.

Килијан Мбапе оваа недела даде интервју за Радио Монте Карло и Л’Екип, напаѓачот си ја отвори душата откако му пропадна трансферот во Реал Мадрид. Французинот не сакаше да говори за својата иднина, но од она што го кажа, се доби впечаток дека ќе замине од Париз по крајот на сезоната.

Нешто слично сугерираше и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој порача дека во јанури ќе има вести за трансфер на Килијан Мбапе.

Сепак, мајката на фудбалерот сега најавува пресврт, Фајза Ламари во разговор со Ле Паризеиен откри дека се водат преговори за продолжување на договорот.

„Преговараме со ПСЖ и работите одат добро. Разговарав со Леонардо во понеделникот. Дали ќе најдеме решение? Едно е сигурно, Килијан ќе го даде максимумот за да ја освои Лигата на шампионите. Килијан мора да биде среќен, доколку е тажен, подготвен е да каже, „Ставам крај на кариерата“, и ова го кажува прилично често. Со Килијан, работите знаат да се менуваат од ден во ден“ – вели Фајза Ламари.

За желбата на Килијан Мбапе да замине од Париз, таа вели: „Ги разбирам фановите, но негов сон е да игра во Реал Мадрид“.

Таа исто така додава дека Килијан Мбапе не се наоаѓа во лесна позиција при изборот на следниот чекор: „Да остане во ПСЖ или да се пресели во Реал Мадрид, е исто како да треба да одбере еден од родителите“.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе