Напаѓачот одново во зелено-белиот дрес

Мајката на Роналдо им вети на навивачите на Спортинг: Ќе го убедам да се врати!

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро при прославата на титулата на Спортинг рече дека ќе го убеди својот син да се врати на „Алваладе" и тоа веќе следната сезона.

Спортинг Лисабон оваа недела ја прекина низата без титула и по 19 години стана шампион на Португалија.

Мечот против Боависта во вториникот се гледаше и во домот на Кристијано Роналдо во Мадеира, каде неговата мајка со пријателите ја прославија титулата на „лавовите“.

Медиумите успеаја да дојдат до кратка изјава од Долорес Авеиро, кој само ги подгреа шпекулациите за враќање на ЦР7 во Спортинг.

„Ќе одам во Торино и ќе разговарам со него. Следната сезона ќе игра на „Алваладе“, ќе го убедам да се врати“ – рече мајката на напаѓачот.

Медиумите веќе најавија можно враќање на Кристијано Роналдво во Спортинг, се пишуваше дека тој ќе ја одработи последната година од договорот со Јувентус и во 2022 одново ќе го облече „зелено-белиот“ дрес.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе