Ла Лига

Магија на Бензема и фантастична асистенција со пета го носи Реал Мадрид на +2 (ВИДЕО)

Реал Мадрид со минимални 0-1 триумфираше на гостувањето кај Еспањол, Бензема го одбележа мечот со генијална пета и асистенција за Касемиро.

„Кралевите“ продолжуваат да редат победи, вечерва не импресионираа против Еспањол, но си заминаа дома со три бода.

Клучниот потег на мечот се случи во последните мигови од првиот дел, Бензема имаше потег за кој долго ќе се раскажува, Французинот генијално со пета остави за Касемиро, кој од пет метри ја затресе мрежата на домаќините.

Со овој триумф, избраниците на Зинедин Зидан сега имаат +2 на врвот на табелата и чекорат кон титула во Ла Лига.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе