Лига на шампиони

Маестрална партија на Стоилов, Вардар го сруши Фленсбург во Скопје

Вардар покажа моќ, Фленсбург во Скопје допатува како фаворит, но актуелниот европски шампион одигра перфектен меч и победи со 31:26, капитенот Стојанче Стоилов имаше луда вечер. 

Фото: РК Вардар
Во вториот натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона, Вардар ја запиша првата победа, црвено-црните одиграа совршен меч и буквално му одржаа лекција на германскиот тим.
 
Почетокот не најавуваше таков расплет на натпреварот, Фленсбург за кратко време по грешки на Вардар поведе со 2-0, но отогаш работите се променија, македонскиот тим направи серија од 4-2 и ја презема контролата на мечот.
 
Вардар играше одлична дефанзива, одбраната од 5-1 со Дибиров напред функционираше идеално, Фленсбург тешко го наоѓаше патот до мрежата на Ристовски и Кизиќ кој подоцна влезе во игра. На полувремето Вардар замина со предност од 17:15.
 
На почетокот од вториот дел Фленсбург успеа да изедначи, но тоа траеше само во првите минути, Вардар потоа почна да ја зголемува предноста, највисоката беше од шест разлика, а конечниот резултат изнесуваше 31:26.
 
За истакнување е играта на Стојанче Стоилов кој беше најдобар на теренот иако Вардар немаше лош ракометар, капитенот постигна осум голови, а изнуди и неколку исклучувања за противникот. Јотиќ постигна шест погодоци, Дисингер и Талески по пет. Свои моменти имаа и голманите Ристовски и Кизиќ.
 
И во следното коло Вардар игра на домашен терен, го пречекува Порто со Никола Митревски.
 

Легенда под Главна слика

Фото: РК Вардар

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе