Серија А

Маестрален гол на Иличиќ од половина терен, Аталанта го понижи Торино со 7-0 (ВИДЕО)

Аталанта му нанесе тежок пораз на Торино откако вечерва со 0-7 триумфираше на Олимпискиот Стадион, Јосип Иличиќ се истакна со хет-трик и маестрален погодок од половина терен.

Аталанта минатото коло неочекувано загуби дома од СПАЛ, но избраниците на Гаспери очигледно брзо ја заборавија непријатната епизода и вечерва го понижија Торино со 0-7 на Олимпискиот Стадион.

Јосип Иличиќ се истакна со хет-трик и мајсторски погодок од половина терен. Во 54. минута, еден од дефанзивците на Торино играше со рака на средината од теренот, Словенецот забележа дека голманот Сиригу не е на својата позиција, па без размислување веднаш биеше и ги изненади сите за гол кој долго време ќе се раскажува.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе