Лига на шампионите

Мадрид го слави Бејл, Ливерпул „плука“ по Кариус, Реал до 13. титула во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Трета година по ред „кралевите" стигнуваат до трофејот од Лигата на шампионите, Герет Бејл и грешките на Лорис Кариус донесоа победа од 3-1 за Реал Мадрид.

Реал Мадрид е старо-новиот шампион на Европа. Избраниците на Зидан триумфираа над Ливерпул со 3-1. Мечот во Киев ќе биде запаметен по две неверојатни грешки на голманот Лорис Кариус и мајсторскиот гол на Герет Бејл со ножички.

Натпреварот почна мирно, без многу шанси. Првата драма се случи по половина час, и тоа откако Салах лошо падна по еден дуел со Рамос и со солзи во очите го напушти теренот. Потоа следуваше пех и за Реал, Карвахал се повреди, па и тој со солзи замина во соблекувална. Овие два настани како да ги размрдаа работите на теренот, па љубителите на фудбалот видоа гол пред финишот на првото полувреме. Карим Бензема ја затресе мрежата, но славјето беше прекинато поради офсајд-ситуација.

Вторите 45 минути беа далеку повозбудливи и почнаа со пречка на Иско. Натпреварот се отвори во 51. минута кога Кариус имаше неверојатна грешка. Голманот на Ливерпул собра една долга топка, сакаше веднаш да започне акција, но лошо ја процени ситуацијата, па додавањето што требаше да биде наменето за Ловрен беше пресретнато од Карим Бензема, кој пушти нога и ја затресе мрежата на „црвените“.

Ливерпул се врати брзо, по еден корнер Ловрен спушти топка во петтерецот, а Мане изедначи на 1-1 во 55. минута.

Потоа на сцена стапи нововлезениот Герет Бејл, Велшанецот реагираше мајсторски и со ножички постигна гол за кој долго време ќе се раскажува. Мане имаше шанса да донесе ново изедначување, но неговиот удар заврши во стативата.

И наместо да следува неизвесна завршница, Кариус со нова неверојатна грешка предвреме ги реши сите дилеми. Бејл шутираше од далеку, голманот на Ливерпул ја имаше топката, но реагираше невешто и таа заврши зад неговиот грб.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе