Фудбалерот од Белгија против малерите од изминатите години

Лукаку за втората авантура во Челси го одбра проколнатиот број (ФОТО)

Ромелу Лукаку го одбра дресот со број 9 за втората авантура во Челси, напаѓачот ја наследи „9-та" од Тами Абрахам, кој беше продаден на Рома за 40+ милиони евра.

Ромелу Лукаку минатата недела се врати на Стемфрд Бриџ откако Челси со Интер договори трансфер од 115 милиони евра (околу 97,5 милиони фунти). За својата втора авантура во синиот дрес, напаѓачот реши да го одбере проколнатиот број.

Тој ќе ја носи „9-та“, дрес кој до пред некој ден му припаѓаше на Тами Абрахам, кој беше продаден на Рома за 40+ милиони евра.

Младиот Англичанец не успеа да се наметне, исто како и неколку звучни имиња пред него како Гонзало Игуаин, Алваро Мората, Радамел Фалкао и Фернандо Торес, кои се мачеа пред противничките голови и разочараа.

Дресот со бројот 9 во минатото сосема неочекувано го носеше и дефанзивецот Калид Буларуж, како и фудбалерот од средниот ред Стив Сајдел. Секако, двајцата се покажаа како големо промашување.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе