Серија А

Лукаку во 28. секунда ја отвори серијата, Интер му даде пет гола на Беневенто (ВИДЕО)

Интер со 5-2 победи на гостувањето кај Беневенто, Ромелу Лукаку го постигна еден од најбрзите голови во историјата на Серија А. 

Денеска во Серија А се играат трите натпревари од првото коло кои не се одиграа во предвидениот термин, Интер со 5-2 победи на гостувањето кај Беневенто.
 
Тимот на Конте даде пет гола а имаше шанси да даде најмалку уште толку, но играчите на Интер се изнапромашуваа.
 
Натпреварот почна спектакуларно со гол на Лукаку во 28. секунда од натпреварот.
 
Гааљардини погоди во 25. минута, а три минути подоцна со својот втор гол Лукаку донесе предност за Интер од 3-0.
 
Во 34. минута Капари ја врати надежта за Беневенто, но Ашраф Хакими пред крајот на првиот дел даде гол и ја врати разликата од три голови.
 
Лаутаро Мартинез во 71. минута, шест минути откако влезе во игра погоди за 5-1. До крајот на мечот Капари со својот втор гол ги постави конечните 5-2.
 
Специја го изненади Удинезе победувајќи го на негов терен со 2-0. Несторовски во игра влезе во 64. минута.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе