Куп на Италија

Лукаку во 119. минута ја урна Фиорентина, Интер закажа дуел со Милан (ВИДЕО)

Интер закажа дуел со Милан во четврфиналето од Купот на Италија, со голот на Ромелу Лукаку во 119. минута, „нероаѕурите" славеа со 1-2 на гостувањето кај Фиорентина.

Дерби на Милано во Купот на Италија, Милан ќе се сретне со Интер во четвртфиналето. „Нероаѕурите“ закажаа дуел со градскиот ривал откако попладнево со 1-2 триумфираа на гостувањето кај Фиорентина. 

Резултатот беше отворен во 40. минута, судијата покажа на белата точка со помош на ВАР а Видал погоди за 0-1. 

Веднаш беше досуден пенал и за Фиорентина, но со ВАР беше поништена одлуката. Домаќините сепак стигнаа до изедначување во второто полувреме, Куаме погоди за 1-1 во 57. минута. 

Интер се обиде да се врати во предност, имаше неколку шанси, но мрежите мируваа до крајот на регуларниот дел, па се играа продолженија. Фиорентина одолеваше на нападите, и кога се чинеше дека ќе има пенали, дефанзивците на домаќините го оставија Лукаку сам како дух во 119. минута, а напаѓачот со глава погоди за 1-2.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе