Напаѓачот ќе биде удрен по џебот

Лукаку убаво ќе плати за спорното интервју

Медиумите од Италија пренесуваат дека Челси ќе го удри Ромелу Лукаку по џебот, фудбалерот од Белгија ќе плати помеѓу 500.000 и 600.000 евра за спорното интервју.

Ромелу Лукаку убаво ќе плати за спорното интервју дадено за Скај Италија во кое изрази незадоволство од својата ситуација во Челси и изрази желба еден ден да се врати во Интер.

Фудбалерот од Белгија синоќа имаше средба со Томас Тухел, а според медиумите од Англија, преговорите биле позитивни, играчот се извинил, односот оди во права насока и тој најверојатно ќе се најде во составот на „сините“ за дуелот со Тотнем во Лига купот.

Но како што пренесуваат медиумите од Италија, Челси нема туку дака да му прогледа низ прсти на Ромелу Лукаку и ќе го удри по џебот.

Според Република, напаѓачот ќе остане покус за 500.000 евра, додека пак Газета дело Спорт вели дека паричната глоба може да достигне 600.000 евра.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе