Ромелу Лукаку е трагичарот на Белгија по елиминацијата уште во групната фаза на мундијалот во Катар, напаѓачот во второто полувреме против Хрватска пропушти три добри прилики да постигне гол кој веројатно ќе значеше осминафинале.
Голгетерот на Интер по последниот свиреж падна на теренот и почна да плаче, а потоа на патот кон соблекувалната бесот го истури врз клупата на Белгија и со бокс удри во преградата, која за среќа не беше од стакло, па тој добро помина.
Unlucky Lukaku finally hits the target🎯 pic.twitter.com/NbAiv5PQO4
— ⚽️442oons⚽️ (@442oons) December 1, 2022