Напаѓачот „удри“ по Манчестер јунајтед и навивачите

Лукаку си ја отвори душата: Јас, Погба и Алексис Санчез им бевме виновни за сè

Ромелу Лукаку се пожали на третманот кој го добивал од раководството на Манчестер јунајтед но и од фановите на клубот, вели дека тој, Пол Погба и Алексис Санчез постојано биле прозивани.

По две години поминати на Олд Трафорд, Белгиецот ова лето ја промени средината и направи трансфер во редовите на Интер.

За неговата иднина имаше многу шпекулации со месеци, и Ромелу Лукаку вели дека не му се допаднало тоа што клубот не го заштитил.

„Многу работи беа кажани, и јас не бев заштитен. Имаше најразлични гласини, „Не сметаат на Ром“ или „Ром оди во овој клуб“, и никој не се огласи за да ги запре сториите. Тоа се случуваше некои добри три или четири недели. Чекав некој да излезе и да каже нешто, но тоа не се случи“ – вели напаѓачот.

„Кој ги пушташе гласините? Јас сигурно не. Ниту пак мојот агент. Разговарав со раководството, им кажав дека е најдобро да се разделиме, дека не можам и немам намера да бидам дел од клуб кој не ме сака. Не сум глупав. Тие можеби сметаат дека сум глупав, но не сум. Знам кој ги пушташе и ширеше гласините. Им кажав дека вака не се работи и дека е најдобро јас да заминам“.

Ромелу Лукаку исто така имаше замерки и за навивачите, вели дека тој, Пол Погба и Алексис Санчез постојано биле прозивани кога работите не се одвивале според планот.

„Мора да најдат некого да обвинат. Или ќе беше Погба, или јас или Алексис Санчез. Ние тројцата им бевме дежурни виновници. Да, можеби не играв на потребното ниво, но не бев само јас. Многу други играа лошо, но фановите си бараа жртвени јагниња“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе