Напаѓачот испрати видеопорака

Лукаку се огласи по контроверзијата што ја креираше (ВИДЕО)

Ромелу Лукаку имаше видеообраќање по контроверзијата што ја креираше, напаѓачот им се извини на фановите, тренерот, соиграчите и на управата на Челси.

Ромелу Лукаку го навлече гневот на „сините“ откако непосредно пред дербито со Ливерпул беше објавено интервју во кое напаѓачот изрази незадоволство од својата ситуација во Челси и тоа што тренерот Томас Тухел има други замисли.

Фудбалерот од Белгија беше исфрлен од тимот и синоќа се сретна со Томас Тухел да ги разчисти недоразбирањата.

Вечерва Ромелу Лукаку имаше видеообраќање со кое им се извини на фановите, тренерот, соиграчите и управата на Челси.

„Сакам да им се извинам на фановите, жалам што ве вознемирив, вие момци знаете каква е мојата поврзаност со овој клуб уште од тинеjџерските денови, па разбирам зошто сте вознемирени. Очигледно сега останува на мене повторно да ја заработам вашата доверба и ќе го дадам максимумот за да ја покажам мојата посветеност, секој ден на тренинзите и на натпреварите“, вели Лукаку.

„Сакам да се извинам и на тренерот, на соиграчите и на управата, тајмингот на интервјуто беше погрешен“.

„Секам сето ова да го оставам зад себе и да се погрижам повторно да победуваме и да го прикажувам најдоброто од себе“.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе