Напаѓачот на чекор до „Стемфорд Бриџ“

Лукаку сака да се врати во Лондон, го известил Интер да ја прифати огромната понуда на Челси

Голем број на извори пренесуваат дека Ромелу Лукаку го известил Интер дека сака да се врати во Челси, сега се чека понуда од 130 милиони евра за „нероаѕурите" да дадат зелено светло.

Само прашање на време е кога Интер ќе го продаде Ромелу Лукаку, напаѓачот синоќа го известил тренерот Симоне Инѕаги и директорите дека сака да се врати во Челси.

Фудбалерот од Белгија разговарал со Томас Тухел, му се допаднало она што го слушнал, па им порачал на „нероаѕурите“ да најдат договор со „сините“ за тој одново да заигра на „Стемфорд Бриџ“.

Интер веќе одби предлот вреден 100 милиони евра плус услугите на Маркос Алонсо и се најавува дека Челси наскоро ќе достави нова побогата понуда.

Се верува дека Интер сака само пари и сумата потребна за продажба на Ромелу Лукаку изнесува 130 милиони евра.

Што се однесува до платата на Ромелу Лукаку во Челси, тој ќе има примања од 12 милиони евра по сезона, а со бонуси може да стигне и до бројката од 15 милиони евра.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе