Најголемиот дел од неговите соиграчи зборуваат само еден или два јазици

Лукаку не го бива само за давање голови, зборува и осум јазици! (ФОТО)

Напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку не е добар само пред противничкиот гол, важи и за полиглот и зборува осум јазици.

Ромелу Лукаку минатото лето го напушти Интер по две одлични сезони и се врати во Челси во трансфер вреден околу 115 милиони евра. Талентот за фудбал е очигледен, но тој не е единствен, Ромелу Лукаку освен што е расен стрелец, важи и за полиглот.

Како дел од процедурата за мечевите во Лигата на шампиони, УЕФА испраќа допис до медиумите и ги известува на кој јазик фудбалерите можат да одговараат на прашања и да даваат интервјуа. И додека најголемиот дел од фудбалерите говорат еден или два, во графата на Ромелу Лукаку нема место бидејќи напаѓачот зборува дури осум јазици.

Репрезентативецот на Белгија зборува француски, германски, англиски, шпански, португалски, холандски, фламански и италијански.

Ромелу Лукаку зборува и на лингала (дијалект кој го користи дел од населението на Конго и некои африкански земји) но за него нема место во дописот на УЕФА.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе