Сонот да игра за Челси е голем

Лукаку им се обрати на фановите на Интер: Секогаш ќе бидам Интериста, но ова беше шанса за која сонував (ФОТО)

Ромелу Лукаку преку социјалните мрежи им се обрати на навивачите на Интер и го објасни заминувањето во Челси. 

Челси е клубот за кој Лукаку навивал како дете, првата шанса во синиот дрес не ја искористи, беше пратен на позајмца во ВБА, а потоа и откупен од Евертон по што замина во Манчестер јунајтед, па Интер.
 
Сега како многу поискусен и позрел доби шанса повторно да заигра за Челси, и покрај сета почит кон Интер, вели дека не можел да го одбие овој трансфер.
 
„Драги фанови на Интер, Ви благодарам, Ви благодарам што ме сакавте како еден од вас. Ви благодарам што направивте јас и мојата фамилија да се чувствуваме како дома во Милано. Ви благодарам за огромната поддршка и љубов која ми ја дававте на дневна основа. Ви благодарам што ме мотивиравте уште повеќе по првата сезона. Кога дојдов во Интер, веднаш почувствував дека ќе играм добро за аовој клуб. Љубовта и прифаќањето кои ги добив уште од аеродромот Малпенса беа старт на прекрасната приказна. Си дадов цел никогаш да не ве изневерам кога ќе го облечам дресот на Интер. Давав сто проценти на секој тренинг и секој натпревар за да ве направам горди. Нашата прва сезона заврши на најтешкиот можен начин, но вие ми дадовте сила да продолжам да се борам и да го правиме тоа какко тим. Затоа заедно станавме шампиони. Се надевам дека ќе ја разберете мојата одлука да се преселам во Челсии. Тоа е шанса на животот за мене и мислам дека за овој период од кариерата тоа е шанса за која секогаш сум сонувал. За една работа бидете сигурни, а тоа е, јас секогаш ќе останам Интериста бидејќи без вас немаше да бидам човекот и играчот кој сум сега. Ви благодарам од дното на срцето. Ве сакам“, напиша Лукаку. 
 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Romelu Lukaku (@romelulukaku)

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе