Фудбалерите кои се во главна улога на насловната страна

Лукаку и Смолинг со реакции за насловната на „Кориере дело Спорт“

Насловната страница „Блек фрајдеј“ на италијанскиот спортски весник „Кориере дело спорт“ е во центарот на вниманието, се огласија и најзагрозените, Ромелу Лукаку и Крис Смолинг. 

Лукаку и Смолинг се најдоа на насловната страница на „Кориере дело Спорт“ која беше најава за утрешното дерби и на која пишуваше „Блек фрајдеј“. Иако текстот во весникот е анти-расистички, насловната издвоена посебно е крајно сензитивна и расистичка.
 
Реакции стигнуваат од сите страни, а на социјалните мрежи се огласија и Лукаку и Смолинг.
 
„Наместо да се фокусира на битката меѓу двата тима... „Кориере дело Спорт“ излегува со најглупавата насловна која некогаш сум ја видел во мојата кариера. Вие момци продолжувате да ја потикнувате негативноста за прашањето со расизмот. Наместо да зборуваме за прекрасниот натпревар кој ќе се одигра на Сан Сиро меѓу два големи клубови... Едукацијата е клучна. Вие момци од „Кориере дело Спорт“ можете подобро од тоа. Им благодарам на сите фанови и на другите новинари за поддршката, ајде да се насочиме кон утрешниот меч. Напред Интер“, напиша Лукаку.
 
„Сакам денот да го поминам фокусирајќи се на утрешниот голем натпревар, но важно е да признаам дека тоа што се случи утрово беше погрешно и многу нечуствително. Се надевам дека уредниците инволвирани во објавата на овој наслов преземаат одговорност и ја разбираат моќта и влијанието кои овие зборови можат да го имаат. Голема благодарност за поддршката од Рома! Сега битката нека започне во Рим, напред Рома!“, напиша Крис Смолинг.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе