ПРЕМИЕРЛИГА

Лукаку блескаше со два гола, Јунајтед со најубедливата победа во првото коло (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед се покажа во извонредно светло на стартот од Премиерлигата, „Црвените ѓаволи" со 4-0 го декласираа Вест Хем

Жозе Мурињо може да биде задоволен како неговите играчи се справија со Вест Хем пред своите фанови попладнево.

Манчестер јунајтед минатата сезона беше очаен на Олд Трафорд, но сега „Црвените ѓаволи“ со високи 4-0 славеа над „Чеканите“.

Резултатот во отвори новајлијата Лукаку во 33. минута, а истиот играч погоди и во 53. минута за 2-0.

Во завршницата од средбата гостите капитулираа уште два пати. Најпрво Марсијал зголеми на 3-0, а потоа Лукаку во 90. минута ги постави конечните 4-0 и најубедливата победа во првото коло од Премиерлигата.

Претходно, Тотнем со головите на Али и Дејвис славеше со 0-2 на гостувањето кај Њукасл.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе