Интер

Лукакау: Кревав 100 килограми на „бенч“, но во Интер ми ги забранија теговите

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку открива дека по доаѓањето во Италија веднаш му забраниле да крева тегови.

Лукаку важи за еден од најмоќните напаѓачи во светот, Белгиецот има фасцинантна физичка конституција, но во Италија не му е дозволено да вежба на ист начин како во Англија.

Тој претходно зборуваше како промената на исхраната имала позитивно влијание врз неговата игра, а сега кажува дека во Интер не му е дозволено да крева тегови.

„Кога имав 15 години, можев да кренам 100 килограми на „бенч“, но откако дојдов во Италија не ми е дозволено тоа. На првиот тренинг кога дојдов се обидов да кревам тегови, и нашиот фитнес тренер ме погледна остро“, открива Лукаку.

„Во основа, единствената работа која ми е дозволена во теретана, е координирани вежби со оние ластици“.

Лукаку вели дека Серија А има посебна тежина.

„Искрено не очекував да бидеме на оваа позиција. Серија А е навистина комплицирана лига, треба да бидете подготвени за секој меч. Секој меч е поинаков тест. Тоа ми помогна да станам подобар фудбалер, но мора напорно да се работи“.

„Мислам дека дефанзивците и голманот вршат голема работа, полесно ни е нас напаѓачите кога го знаеме тоа, знаеме дека порано или подоцна ќе постигнеме гол“.

„Конте секогаш вели дека напаѓачот е првиот во дефанзивната линија, па со Лаутаро, Алексис Санчез и Андреа Пинамонти се обидуваме да го блокираме противникот кога тој ја почнува акцијата“.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе