Пред само неколку месеци стана најскапиот фудбалер од Србија и Балканот

Лука Јовиќ со коментар за гласините дека Реал ќе го испрати на позајмица: Читав и се смеев...

Младиот Лука Јовиќ се огласи по сториите дека Реал Мадрид расмислува да го испрати на позајмица, напаѓачот вели дека се смеел кога ги читал гласините за неговата иднина.

Лука Јовиќ ова лето стана најскапиот фудбалер од Србија и Балканот откако Реал Мадрид на Ајнтрахт Франкфурт му плати 60 милиони евра за неговите услуги.

Но неодамна се појавија гласини дека Зинедин Зидан не е задоволен од она што го видел, тренерот на „кралевите“ нема да смета на напаѓачот во новата сезона па тој ќе биде испратен на позајмица.

Лука Јовиќ сега ги прокоментира ваквите написи на одредени медиуми и рече: „Се смеев на сторите. Секогаш ќе се пишуваат вакви приказни. Од почетокот на мојата кариера јас сум навикнат на секакви коментари, се помирив со тоа дека се може да се напише. Времето ќе покаже што е вистина“.

Запрашан каков е неговиот однос со Зинедин Зидан, Србинот вели: „Тој верувам во мене и ништо се нема променето во периодов во кој соработуваме. Секој ден учам од него, и тоа ми е навистина драго бидејќи Зизу и како играч и како тренер е еден од најдобрите во светот. Подготвен сум да го дадам максимумот и да го прикажам најдоброто од себе. Не очекувам дека веднаш ќе почнам да играм по 90 минути, дека ќе ги тресам противничките мрежи на почетокот од сезоната. Но со работа, труд и жртвување ќе ја остварам мојата цел. Задоволен сум од начинот на кој ме прифатија, секако дека би сакал уште на стартот да постигнам некој гол, но не се брзам. Знам дека ќе дојдат моите пет минути“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе