Напаѓачот пред година ипол стана најскапиот Србин и најскапиот фудбалер од Балканот откако се пресели во Реал Мадрид за 60 милиони евра.
Сепак, Лука Јовиќ никогаш не блесна во белиот дрес па „кралевите“ бараа решение за неговата иднина.
Последните информации велат дека тој ќе се врати во Ајнтрахт Франкфурт, клубот каде ги имаше најубавите моменти во кариерата.
Голем број на извори од Србија, Шпанија и Германија пренесуваат дека се пеглаат последните детали за позајмица до крајот на сезоната.