„Кралевите“ плаќаат 70 милиони евра

Лука Јовиќ се најде на насловната страница на Марка, Србинот најавен како новата 9-ка на Реал!

Талентираниот Лука Јовиќ се најде на денешната насловна страна на мадридска Марка, весникот го најави Србинот како новата 9-ка на Реал во трансфер вреден 70 милиони евра.

21 годишниот голгетер, кој има 25 погодока зад своето име оваа сезона, се поврзува со голем број на клубови. Денешното издание на Марка го постави Лука Јовиќ на својата насловна страна и го најави како новата „9-ка“ на Реал Мадрид.

Весникот пишува дека Србинот е цел број 1 на „кралевите“ за засилување на нападот, и додава дека Лука Јовиќ ќе ги чини „кралевите“ високи 70 милиони евра.

Останува да се види дали ќе се реализира еден ваков трансфер, таткото на Лука Јовиќ пред неколку дена откри дека тие веќе ја одбиле Барселона бидејќи на Камп Ноу неговиот син немал да има доволна минутажа, и порача дека планот е да се остане уште една година во Ајнтрахт.

За Лука Јовиќ слична ќе биде ситуацијата и на Бернабеу со оглед на тоа дека Карим Бензема е прв напаѓач и Французинот има одлична сезона. Сепак, 70 милиони евра е сума на која тешко се одолева, а Реал Мадрид е сон на секој фудбалер.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе