„Ѓаволите“ сакаат да ја „збришат“ конкуренцијата

Лудост или добра инвестиција? Јунајтед нуди 30 милиони за 16 годишно момче кое има неделна плата од 145 фунти

Медиумите од „островото" пренесуваат дека Манчестер јунајтед сака да ја „збрише" конкуренцијата за потписот на 16 годишниот Џуд Белингам со тоа што на Бирмингем му нуди дури 30 милиони фунти.

16 годишниот Џуд Белингам е новиот „вундеркинд“ од Англија, оваа сезона стана најмладиот дебитант во дресот на Бирмингем и најмладиот стрелец во историјата на клубот, па скаути на гиганти од цела Европа ги следат неговите настапи.

Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед се дел од екипите кои редовно испраќаат луѓе да го бележат прогресот на Англичанецот кој е „бокс то бокс“ играч од средниот ред, односно сестран везњак кој одлично се снаоѓа во дефанзивните задачи но и пред противничкиот шеснаесетник. Во Чемпионшип оваа сезона има 25 настапи на кои забележал 4 погодока, создадал 13 шанси за гол, добил 125 дуели и направил 53 успешни стартови.

Пред десетина дена се шпекулираше со сума од 15 милиони фунти, но според пишувањата на Сан, Манчестер јунајтед сака да ја „збрише“ конкуренцијата па „ѓаволите“ на Бирмингем му нудат дури 30 милиони фунти. На почетокот од оваа недела, и реномираниот Скај Спортс пишуваше на оваа тема и пренесе дека клубот од Олд Трафорд е подготвен да плати 25 милиони фунти.

Интересно е тоа што Џуд Белингам се уште е на стипендиски договор и има примања од само 145 фунти неделно. Доколку остане во Бирмингем, во јуни кога ќе наполни 17 години, ќе добие нов богат професионален договор.

Трансфер во Манчестер јунајтед сигурно ќе му донесе уште поголема плата.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе