Се случи чудо во Келн

Лудо, Вардар со неверојатен пресврт ја победи Барселона и ќе игра во финалето!

Чудо во Келн, Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона со 29:27, македонскиот тим се врати од седум гола негатива и утре во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.

Вардар повторно ќе игра во финале од Лигата на шампионите, и повторно преку Барселона! Речиси никој не се ни надеваше дека македонскиот тим ќе може да направи чудо откако имавме негатива од седум гола разлика, но чудо се случи!

Првото полувреме навестуваше дебакл за Вардар и покрај феноменалната партија на Милосављев. Голманот во првиот дел фати 13 топки, а неговите соиграчи дадоа само седум гола. На одморот заминавме со негатива од дури седум гола разлика.

Но работите полека почнаа да се менуваат во вториот дел, негативата на Барселона се топеше, а полека се враќаше надежта дека може да се направи сензација.

Во последните минути Барселона тотално се изгуби, одбраната на Вардар играше феноменално, нападот даваше голови. Каталонскиот тим во последните 15 минути даде само два гола. Тимот на Парондо делуваше фокусирано во нападот и на крајот слави неверојатна, магична победа од 29:27.

Дејан Милосављев и Даинис Криштопанс беа хероите на Вардар. Голманот имаше 19 одбрани од кои 13 во првото полувреме, летонскиот џин даде дури десет погодоци, Карачиќ постигна пет, Мораес четири. Кај Барса најефикасен беше Гомез со девет голови.

Вардар утре во големото финале ќе игра против Веспрем кој денеска го победи Кјелце.

Ристе Ѓорѓиевски,
специјално од Келн за МКД

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе