„Црвените“ се на дофат на трофејот кој го чекаат 30 години

Лудо сценарио, Ливерпул може да остане без титула во Премиерлигата поради коронавирусот?!

„Црвените" се на прагот на прва титула по 30 години во Премиерлигата, но Телеграф пишува за едно лудо сценарио според кое Ливерпул ќе остане со празни раце доколку сезоната предвреме заврши поради коронавирусот.

Избраниците на Јирген Клоп имаат неверојатна сезона со 26 победи на 27 натпревари и предност од 22 бода на врвот на табелата, па полека им се насмевнува шампионската титула, прва по 30 години.

„Црвените“ на своето конто треба да придодадат уште 12 бода за да ја освојат Премиерлигата, и само прашање на време е кога ќе го осигураат трофејот. Сепак, медиумите од Англија пишуваат за едно лудо сценарио според кое клубот од Енфилд може да остане со празни раце.

Во моментов, коронавирусот предизвикува голем хаос во многу земји, па постои можност властите од Велика Британија да ја прекинат сезоната. Телеграф пишува дека при ваков случај, нема гаранции дека Ливерпул ќе биде прогласен за шампион.

„Брзото ширење на вирусот ја отвара можноста владата да нареди откажување на сите спортски настани во Велика Британија во следните два месеци, тоа би значело дека некој натпревари нема да се одиграат никогаш. Доколку сезоната во Премиерлигата не се комплетира, најверојатно ќе бидат одржани кризни состаноци за да се одлучи дали претходните резултати ќе останат како важечки или пак целата сезона ќе се поништи. Врз конечната одлука ќе влијае бројот на одиграни натпревари, како што се применува слична практика во други спортови кога има откажувања, и резултатот важи ако е комплетиран одреден процент“ – вели извештајот на Телеграф.

Истото важи и за трите екипи кои се на дното од табелата (во моментов се Вест Хем, Вотфорд и Норич), не се знае дали тие ќе бидат пренесени во понизок ранг бидејќи нема јасни и специфична правила за тоа што ќе се прави при едно вакво сценарио.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе