Премиерлига

Лудо дерби на Гудисон Парк, четири голови, црвен картон и поништен гол со ВАР во судиското продолжение (ВИДЕО)

Евертон и Ливерпул одиграа супер интересен натпревар кој заврши 2-2, многу возбудувања меѓу градските ривали. 

Евертон во натпреварот влезе со четири победи по првите четири кола, а Ливерпул требаше да се искупи за неверојатниот дебакл кој им се случи против Астон Вила.
 
Дека ќе биде возбудливо беше најавено уште во третата минута кога по асистенција од Робертсон, Мане постигна гол за водство од 1-0.
 
Но Евертон брзо возврати, Хамес Родригез центрираше, а Мајкл Кин погоди со глава за израмнување на 1-1.
 
Шанси имаше на двете страни, а на третиот гол се чекаше до 72. минута кога една топка дојде до Салах а тој го постигна својот јубилеен 100. гол за Ливерпул за водство од 2-1.
 
Но само девет минути подоцна Калверт Луин израмни на 2-2. Тој стана првиот играч кој постигнал голови за Евертон во секое од првите пет кола во сезоната по Томи Лоутон во 1938-39.
 
Во 88. минута Ришарлисон направи остарт старт врз Алкантара за кој доби директен црвен картон, Евертон остана со играч помалку.
 
Во втората минута од судиското продолжение по асистенција на Мане, Хендерсон даде гол за водство на Ливерпул од 3-2, но погодокот беше поништен поради милиметарски офсајд во кој се најде Мане.
 
Со овој бод Евертон и по пет кола ќе остане на врвот во Премиерлигата, сега со 13 бодови, Ливерпул има десет.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе