Голманот на Ливерпул е херој на својот тим на неочекуван начин

Лудница во Бирмингем, Алисон даде гол во 95. минута за важна победа на Ливерпул! (ВИДЕО)

Ливерпул со 2-1 победи на гостувањето кај Вест Бромвич со гол кој го постигна голманот Алисон во 95. минута, со оваа победа црвените сами си ја кројат судбината за пласман меѓу четирите најдобри. 

Натпреварот не почна најдобро за Ливерпул, Робсон Кану во 15. минута донесе водство за ВБА од 1-0.
 
Но радоста на домаќините траеше до 33. минута кога Мухамед Салах погоди за израмнување на 1-1.
 
Во 70. минута ВБА прекку Бартли постигна гол, но ВАР го поништи поради пасивен офсајд, контроверзна ситуација.
 
Кога се очекуваше дека ќе нема победник на мечот, при еден корнер, Алисон отиде во шеснаесетникот на ВБА и токму тој погоди со глава за победа на Ливерпул од 2-1.
 
Оваа победа е премногу значајна за Ливерпул ако се знае дека во следното коло Челси и Лестер имаат меѓусебен дуел. Тоа значи дека црвените сами си ја кројат судбината и со победи против Барнли и Кристал Палас во последните две кола ќе завршат во топ четири.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе