Ги загуби нервите

Луди сцени во Германија, фудбалер го прекина интервјуто и се качи на трибини да се тепа со навивач (ВИДЕО)

Мечот помеѓу Динамо Дрезден и Хамбургер во Купот на Германија донесе луди сцени, гостинскиот фудбалер Тони Лајстнер го прекина интервјуто и се качи на трибини да се пресмета со навивач кој го навредуваше.

Динамо Дрезден доби дозвола од локалните власти да има неколку ијлади навивачи на трибините за дуелот против Хамбургер во Купот на Германија, и веднаш дојде до голем инцидент.

По крајот на натпреварот, гостинскиот фудбалер Тони Лајстнер даваше интервју, и додека разговараше со новинарот, доби навреди од навивачите. Па тој реши да се качи на трибини и да се пресмета со публиката. За среќа брзо реагираа редарите, не дојде до поголем инцидент и се се заврши со туркање и влечење.

Тони Лајстнер, кој е роден во Дрезден и четири години беше дел од Динамо, се извини за своите постапки.

„По крајот на натпреварот во мојот роден град, бев вербално навредуван од трибините. Обично знам да се справам со ова, но навредите беа екстремни, низок удар и беа наменети за моето семејство, мојата сопруга и мојата ќерка“ – напиша фудбалерот на Инстаграм.

„Тогаш ги загубив нервите, особено што ова беше прилично емоционален натпревар за мене. Без разлика на се, ова не требаше да ми се случи. Јас сум татко кој сака да биде пример. Им се извинуван на сите и ветувам дека ова нема да ми се повтори, без разлика каква навреди ќе добијам“.

Се огласија и од таборот на Динамо Дрезден, клубот го осуди однесувањето на индивидуалците кои го навредувале Тони Лајстнер.

„Срамни навреди кон Тони Лајстнер од навивач на клубот од неговиот роден град. Се обидуваме да го идентификуваме ова лице, не сакаме овој инцидент да помине неказнет. Сакаме да им се заблагодариме на останатите фанови за денешната поддршка“ – гласеше известувањето.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе