Квалификации за ЕП 2020

Луди мечеви во Босна, Норвешка и Швајцарија со инфаркт завршница и драма до последните мигови (ВИДЕО)

Вечерашните пресметки од квалификациите за Европското првнество донесоа неколку големи пресврти и инфаркт завршници, фудбалските љубители беа сведоци на луди мечеви во Босна, Норвешка и Швајцарија

На „Билино поље“ во Зеница, БиХ имаше предност од 2-0 против Грција по само 15 минути игра. Виска погоди за 1-0, а потоа следуваше мајсторија на Пјаниќ од слободен удар за 2-0.

Но во вториот дел, Фортунис намали од пенал, а 60 секунди подоцна Пјаниќ доби црвен картон и ги остави своите играчи на цедило. Гостите притиснаа со играч повеќе и со голот на Коловос во 85. минута се изборија за 2-2.

Во Осло се сретнаа ривалите од Скандинавија, Норвешка и Шведска. По еден час игра, домаќините имаа 2-0 за гостите во завршницата да направат целосен пресврт и со погодокот на Кваисон во 91. минута од мечот да поведат со 2-3. Сепак, драмата не застана тука, во 97. минута Камара реализираше за 3-3.

Подеднакво возбудливо беше и Базел каде се чинеше дека Швајцарија ќе слави против Данска кога Емболо во 76. минута ја затресе мрежата на гостите за 3-0. Но следуваа два брзи погодока на Данците, за во 93. минута Далсгард да донесе 3-3.

Италија, Шпанија и Романија ги оправдаа фаворитските улоги и стигнаа до рутински победи. „Аѕурите“ со 6-0 го прегазија Лихтенштајнт, „црвената фурија“ со 0-2 си замина од гостувањето кај Малта додек пак Романија со 4-1 славеше против Фарски Острови. Ирска со минимални 1-0 ја добија пресметката со Грузија.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе