Циркус во втората лига на Англија

„Лудакот“ Бјелса испратил шпион на тренингот на Дерби, интервенирала полицијата!

На вечерашната пресметка помеѓу Лидс и Дерби и претходеше несекојдневен инцидент, полиција го прекинала тренингот на „овните" поради сомнително лице покрај оградата.

Лидс на нашиот Езгјан Алиоски е лидер на табелата по 26. кола, но до крајот на сезоната има уште многу и Марсело Бјелса прави сè што може за да ги однесе „белите“ во елитата.

Сепак, последниот потег на „лудакот“ направи циркус во втората лига на Англија. Полиција се појавила на синоќешниот тренинг на Дерби, а Франк Лампард дури бил проморан и да ја прекини сесијата бидејќи имало сомнително лице крај оградата.

По извршениот претрес било установено дека се работи за вработен во Лидс јунајтед, кој со себе имал двоглед и клешти. Шпионот сепак не бил приведен, и по направените проверки лицето било пуштено на слобода.

Медиумите од Англија пренесуваат дека од таборот на Дерби поднеле жалба до фудбалските власти поради инцидентот, „овните“ исто така соопштија и дека стапил во контакт со Лидс и бараат објаснување на целата ситуација.

Пред вечерашната пресметка на „Еланд роуд“, Дерби се наоѓа на позицијата број шест и има -8 во онос на лидерот Лидс.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе