Кристијано Роналдо со месеци се поврзуваше со заминување од Манчестер јунајтед, но до вчера ништо не се реализираше, па Португалецот ќе продолжи на Олд Трафорд.
Но со оглед на тоа дека во Турција трансфер пазарот е отворен уште една недела, се појави луда трансфер шпекулација за преселба на ЦР7 во Фенербахче.
Наводно тимот на нашиот Езгјан Алиоски се обидува со помош на Жорж Жесус и по португалска линија да го донесе Кристијано Роналдо во Истанбул.
Сепак од клубот веднаш пристигна демант.
„Не постои нешто вакво. Апсолутно немаме ништо со Роналдо. Овие гласини и сценарија намерно се пласираат за потоа луѓето да велат, „Али Коч уште еднаш потфрли на трансфер пазарот““ – брифираат од Фенербахче.