Досега невидено

Луда случка во Ла Лига: Напаѓачот Окампос му одбрани на голманот Дмитровиќ во 100. минута од мечот! (ВИДЕО)

Дуелот помеѓу Севиља и Еибар имаше луда завршница, напаѓачот Окампос беше принуден да застане на гол и во 101. минута да интервенира и да спречи голманот на гостите Дмитровиќ да изедначи на 1-1. 

Севиља со минимални 1-0 го совлада Еибар во меч со луда завршница. Домаќините имаа неколку добри прилики предвреме да го решат победникот, но откако не ги искористија, малку фалеше да бидат казнети.
 
Во 95. минута, Кике ја погоди стативата а во истата акција беше повреден домашниот голман Влцлик.
 
Судијата потоа дозволи уште еден напад, па со оглед на тоа дека Лопетеги ги изврши сите замени, напаѓачот Лукас Окампос стави ракавици и застана помеѓу стативите.
 
За последниот напад на мечот и голманот на Еибар, Марко Димитровиќ дојде во противничкиот шеснаесетник и токму тој се најде во шанса и имаше зицер, но Лукас Окампос му одбрани во 101. минута.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе