Возачот на Јамаха Тех 3, Жоан Зарко ќе ја започне од пол-позиција утрешната ГН на Катар. Французинот во луда завршница забележа време од 1:53.680 што е нов рекорд во Лосаил.
Многумина веруваа дека Дукати ќе доминира под рефлекторите и тоа го најави првиот брз круг на Андреа Довициозо. Но во последните минити од квалификациите следуваа неколку страшни кругови на ривалите.
Покрај Жоан Зарко, време под 1.54 поставија уште двајца возачи, Марк Маркез имаше постигнување од 1:53.882, а Данило Петручи забележа 1.53.887.
Андре Довициозо не успеа да го подбри своето постигнување па утре трката ќе ја започне од петтото место покрај Крачлоу и Ринс во вториот ред.
Третиот ред е резервиран за Дани Педроса, Валентино Роси и Хорхе Лоренцо.