Премиерлига

Луд натпревар, Манчестер јунајтед даде три гола за седум минути за голем кам-бек па наивно прими гол во финишот (ВИДЕО)

„Ѓаволите" имаа фуриозни седум минути во кои три пати ја тресеа мрежата на Шефилд јунајтед за голем кам-бек, но потклекнаа во последните мигови од мечот и бодовите беа поделени.

Луд натпревар на Брамал Лејн, „сечилата“ имаа водство од 2-0 против големиот Манчестер јунајтед, но потоа следуваше кам-бек на гостите, за во 91. минута Шефилд јунајтед по трет пат да ја затресе мрежата на Давид Де Хеа и да се избори за бод.

Домаќините беа подобар противник во првите 45 минути и на полувреме сосема заслужено заминаа со предност од 1-0, стрелец на голот беше Флик во 19. минута

На стартот од вториот дел една грешка на средината од теренот отвори контра за Шефилд а Мусе прецизно биеше по земја од врвот на шеснаесетникот за 2-0.

Но „ѓаволите“ не се предадоа, имаа фуриозни седум минути во кои тројца членови на акамедијата донесоа голем кам-бек. Најпрво Вилијамс намали во 72. минута, Гринвуд изедначи на 2-2, а пресвртот го комплетираше Рашфорд во 77. минута.

Сепак, една неодлучност во одбраната овозможи Шефилд јунајтед да се избори за бод. Гостите оставија многу простор во 91. минута кога Мекбарни казни и погоди за 3-3.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе