Серија А

Луд меч во Милано, Интер промаши пенал за победа, па ВАР ја спречи Аталанта да слави (ВИДЕО)

Возбудлив натпревар на „Џузепе Меаца" со луда завршница, Интер промаши пенал за победа во 85. минута, за ВАР да спречи славје на Аталанта и да поништи гол во 88. минута.

Интер и Аталанта ги поделија бодовите и одиграа 2-2, но лесно можеше еден од тимовите да си замине со цел плен.

Домаќините добро го отворија натпреварот и поведоа по пет минути игра, Мартинез прекрасно закачи еден волеј и погоди под пречката за 0-1. Но гостите потоа заиграа подобро, Малиновски испрати ракета по половина час игра и изедначи на 1-1.

Во 38. минута се случи пресверт, Толои прв стигна до една одбиена топка и ја донесе Аталанта до водство од 1-2.

Во продолжението од мечот, Инѕаги направи неколку замени, Интер притисна и стигна до 2-2 во 71. минута, Џеко се најде на право место и рутински ја затресе мрежата.

Во 85. минута, Интер доби пенал, Димарко ја превзеде одговорноста но биеше силно во пречката.

Казната стигна веднаш, Пиколи погоди за 2-3 во 88. минута за голема радост на Аталанта. Но славјето беше прекинато по интервенција на ВАР, топката го напуштила теренот кога Хандановиќќ се обиде да спаси корнер на зачетокот од акцијата, па на крајот немаше победник.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе