Серија А

Луд меч со седум голови на Мапеи, Интер за малку ќе пропуштеше огромно водство против Сасуоло (ВИДЕО)

Интер и Сасуоло одиграа луд меч со седум голови, „нероаѕурите" имаа предност од 1-4 за во финишот панично да се бранат и да се спасат од срамно реми.

Сасуоло изминативе години му создаде многу мака на Интер, и се чинеше дека Интер конечно лесно ќе стигне до три бода откако по 70 минути игра гостите водеа со 4-1.

Мартинез погоди убаво од работ на шеснаесетникот веќе во 2. минута, Берарди брзо одговори и изедначи на 1-1, но потоа на сцена стапи Лукаку. Белгиецот во 38. минута убаво се загради, доби топка во шеснаесетникот и ги искористи своите физички предиспозиции да си создаде простор и да бие за 1-2. Пред крајот на првиот дел, Лукаку погоди од белата точка и на пауза „нероаѕурите“ заминаа со 1-3.

По 25 минути игра во продолжението беше досуден нов пенал во корист на гостите, овој пат Мартинез ја превзеде одговорноста и Аргентинецот реализираше за 1-4.

Многумина веќе тука помислија дека е јасно кој ќе слави, очигледно така се чувствуваа и играчите на Интер, кој се опуштија па дозволија Ѓуриќиќ брзо да намали на 2-4.

Потоа следуваше ново невнимание, Бога се прошета низ одбраната и намали на 3-4 во 81. минута. Овој погодок само ја зголеми паниката во редовите на Интер, кој играше неповрзано во финишот од мечот, затворен пред својот гол и чекаше времето да помине. За среќа на „нероаѕурите“ резултатот остана непроменет, па тие си заминаа со цел плен од Мапеи стадионот.

 

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе